Историја.

Уште од нашите почетоци во 2006 година, EcoSpar е најдобриот пријател на вашиот дом. Нашата мисија е иста од првиот ден, па се до ден денес: да ги создадеме најквалитетните продукти од еколошки и економски аспект кои ќе го подобрат квалитетот на вашиот живот, ќе ви го штедат времето, ќе внимаваат на вашиот паричник и ќе се грижат за воздухот кој сите го дишеме. Мотивот за нашиот успех сте вие. И ќе продолжиме по истиот пат. ЗАЕДНО СО ВАС!

Производство.

Подготвени сме да одговориме на сите предизвици. Сите наши продукти се произведени користејќи напредна технологија која гарантира врвни резултати на полето на квалитетот, функционалноста, економичноста и заштитата на животната средина. Целата наша палета на производи со гордост го носи епитетот „Пријател на природата“ потврден со повеќе сертификати. Со ефикасност на согорување од над 90% нашите печки и котли на пелети испуштаат безбоен гас кој воопшто не е штетен за природата. Производите на EcoSpar го чуваат вашето здравје!

Квалитет.

Горди сме затоа што нашите продукти лесно се вградуваат и се едноставни за ракување. Горди сме затоа што ги задоволуваме највисоките европски стандарди за квалитет, заштитувајќи ја животната околина без да загубите ни половина степен од топлината во домот. EN 14785, EN 303-5, ISO:9001 и CE декларацијата се само неколку формални потврди за нашата посветеност во создавањето на она што е најдобро за вас. Горди сме затоа што ги имаме најпрактичните и најефтините решенија на вашите проблеми. Нашите печки и котли се исклучително лесни за одржување и чистење со што ви заштедуваат време и нерви во битката со студот. Горди сме затоа што постојано технолошки ги подобруваме нашите продукти во склад со најмодерните светски трендови од областа на смарт-технологиите, дополнително олеснувајќи го нивното користење. Горди сме затоа што верувате во нашиот квалитет!

Контакт.

Пишете, јавете се или повелете кај нас:

Евергрин Енерџи ДОО 

15-ти Корпус” 89 A
6000 Охрид, Македонија

Тел: +389 46 255 558

contact@ecospar.com.mk servis@ecospar.com.mk
Back To Top
a

Display your work in a bold & confident manner. Sometimes it’s easy for your creativity to stand out from the crowd.

Social